ИСПРАТИ ЉУБОВ ОД ЉУБОВНА ПОШТА @ SKOPJE CITY MALL

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Драги посетители по повод празник-от на љубовта Св. Валентин 14ти Февруари (St. Valentine`s Day-14th of February, Скопје Сити Мол ви подготви еден навистина прекрасен настан под називот “ИСПРАТИ ЉУБОВ”, како и стилизирана ЉУБОВНА ПОШТА каде  посетителите бесплатно ќе можат да испраќаат љубовни пораки на картички или писма.

Скопје Сити Мол цели кон тоа да ги потсети постарите на една навика од едни не многу далечни времиња – кога љубов се изјавуваше со испраќање на љубовни картички/писма, Да ја промовираме навика-та и да им ја доближиме на помладите генерации и да се изгради култура за традиционално да се практикува оваа навика, Да поддржи активизам со кој се подига романтичниот дух помеѓу младите. Повеќето романтичари  до ден денес изјавуваат дека нема поромантичен начин да се изјави љубов на саканиот од праќање на рачно напишано љубовно писмо или картичка, доставено со поштар на домашана или службена адреса на саканиот.

ШОПИНГ ПОНУДИTE се објавени на фејсбук фан страната

 

Во ЉУБОВНА ПОШТА посетителите на Skopje City Mall за наградување на нивната лојалност ќе имаат можност бесплатно да испратат бреднирана љубовна картичка или брендирано љубовно писмо до своите сакани на адреси во Скопје.

За учество потребно е да се приложи фискалана сметка со вредност над 500 денари од локалите во Skopje City Mall од периодот помеѓу 08ми Февруари и 14ти Февруари.

Учесниците ќе имаат можност да избираат помеѓу 10 дизајнерски љубовни картички или да изберат љубовен коверт за љубовно писмо. Љубовните пораки кои ќе ги напишете на продуктите од ЉУБОВНА ПОШТА треба да ги попоплните информациите за примателот на љубовната пратка.На уредно адресираната пратка поштарките лепат соодветна таксена маркица која треба да се идентификува со општината во која е адресата на примателот.

Поштарите од ЉУБОВНА ПОШТА ќе ги доставуваат љубовните пораки до примателите веќе наредниот ден од приемот на пратката до адресата напишана врз пратката.

ШОПИНГ ПОНУДИTE се објавени на фејсбук фан страната

Во склоп на ЉУБОВНА ПОШТА изложени се 6те најпопуларни љубовни писма: од Napoleon Bonaparte до Joséphine de Beauharnais, од Frida Kahlo до Diego Rivera, од Henry VIII до Anne Boleyn, од Beethoven до непознат “Immortal Beloved”, од Richard Burton до Elizabeth Taylor и од Ronald Reagan до Nancy Reagan со поопширни информации, на изложбата можат да се видат уште 20 популарни љубовни писма и 60 популарни љубовни пораки на картички.

Учество во ЉУБОВНА ПОШТА и посета на изложбата на љубовни писма може да направите секој ден од 8ми до 14ти Февруари на приземјето во  Skopje City Mall од 10:00 до 22:00 часот, непосредно на влезот од ул. М.А.Н.А.П.О .

Кога последен пат сте испратиле љубовно писмо? Ајде да се присетиме..

ЉУБОВНА ПОШТА во Skopje City Mall од 8ми до 14ти Февруари


  •  
  •  
  •  
  •  
  •