За 8ми Март Skopje City Mall Ве носи

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

🌷 SKOPJE CITY MALL по повод празникот на жената 8 МАРТ, Ви подготви специјални изненадувања за припадничките на понежниот пол, затоа во периодот од 1 до 5 март, повелете во Skopje City Mall и пријавете се на пултот за регистрација во кампањата на приземје. Најсреќните кои ќе бидат извлечени – добиваат вистински празнични изненадувања:

Ве носиме:

НА ТЕАТАР СО  ИГОР ЏАМБАЗОВ

НА ДУПЛА ВОТКА СО ДАРИО

НА РЕТРО ЖУРКА СО ДРАГАН Б. КОСТИЌ

НА РУЧЕК СО ПОЗНАТИОТ ШЕФ МАРК ДЕ ЈОНГ

А Skopje City Mall Ве носи и на ХИТ ПРЕТСТАВАТА НА МНТ – КЕЦ НА ДЕСЕТКА..

Побрзајте – Пријавувањето трае од 1-5 март

ЕДЕН ПОИНАКОВ 8 МАРТ во SKOPJE CITY MALL

Се што сакам!

Правилник – игра 8 МАРТ – Skopje City Mall

ПРАВИЛА НА ЗАБАВНАТА ИГРА
“ЗА 8МИ МАРТ, SKOPJE CITY MALL ВЕ НОСИ
НА… “
Член 1
Организатор на забавната игра со име “ЗА 8МИ МАРТ, SKOPJE CITY MALL ВЕ НОСИ НА “
е СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ увоз-извоз , со седиште на ул. Љубљанска бр.4, Скопје Сити Мол,
2ри кат, Скопје – Карпош.
Член 2
Времетраење на забавната игра: Конкурсот “ЗА 8МИ МАРТ, SKOPJE CITY MALL ВЕ
НОСИ НА… “ започнува од 01 март 2018 година и ќе трае заклучно до 05 март 2018
година, односно кога и официјално ќе бидат прогласени избраните лица од конкурентите
во играта на Скопје Сити Мол.
Член 3
Право на учество на конкурсот имаат сите жени, без разлика националност, вероисповест
и возраст.
Учесниците со самото пријавување се целосно согласни на правилникот на игра .
Член 4
Организаторот СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ – Скопје ја промовира оваа игра за цел забава на
потрошувачите во локалите во Skopje City Mall.
Член 5
Учество во играта:
5.1 Стекување право на учество
За учество на конкурсот потребно е секоја кандидатка да пополни формулар за
аплицирање и да приложи фискална сметка со вредност над 500 денари од локалите во
Скопје Сити Мол од периодот помеѓу 1-ви и 5-ти март.
5.2 Регистрирање на учество
Регистрирањето се врши на инфо-дескот поставен на влезот од страната на
ул.М.А.Н.А.П.О (Карпош 3 – Play City Caffe), со пополнување на формулар и вметнување
во кутијата одбележана за подарокот кој посетителот го посакува (кутии: Игор Џамбазов,
Дарио, Драган Б.Костиќ и Шеф Марк и МНТ театарска Престава “Кец на десетка“).
5.3 Извлекување
Извлекувањето на добитничките ќе се изврши на 5-ти март 2018-та година во 22:00
часот од страна на хостеси од 5-те различни кутии и истото се емитува LIVE на Facebook
Fan страната на Skopje City Mall.
Член 6
По завршување на извлекувањето, добитничките во играта ќе бидат контактирани за
известување за термините за реализација на подароците, термините се фиксни и
подароците неможе да се заменат.
Член 7
Фонд на подароци:
– 1 х дружба со Игор Џамбазов
(реализирање на 6 март 2018)*
– 1 х дружба со Драган Б. Костиќ
(реализирање на 7 март 2018)*
– 1 х дружба со Дарио
(реализирање на 7 март 2018)*
– 1 х дружба со Шеф Марк
(реализирање на 6 март 2018)*
– 90 х 2 билети за театарска претстава “Кец на десетка“ во МНТ
*Можна е промена на саатницата и датумот на реализација на подарокот, според
координацијата на термините на добитничките и јавните личности
Член 8
Средбите со познатите личности (подароците) ќе бидат документирани како фото и видео
архива од страна на Skopje City Mall за потребите на играта
Член 9
Организаторот има право да ја прекине забавната игра од објективни причини.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •