MyTime: CAN’T FAKE THIS FEELING

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Што се случува кога две креативни души конечно ќе ја остварат долгозборуваната соработка? – Неверојатно посебен момент, кој останува да живее во искреираните дела (буквално „can’t fake this feeling“ на позитива и синергија).

Уште од првиот разговор со Александра (@aaaesthete) и Борјана (@bor.jana) беше јасно дека не станува збор за проект кој претставува задача т.е. само позирање, фотографирање и доставување материјали, туку забава, изразување на нивните стилови и надополнување, како со идеи, така и со енергија. Како се одвиваше креативниот процес и реализацијата на првата фотосесија од серијалот #МоментиЗаНас, ќе оставиме да ви кажат самите тие.

Борјана: „Со голема возбуда го пишувам овој текст, наменет за една поинаква фотосесија, која ми е една од најдрагите досега. Прва и клучна причина која го предизвикува чувството на возбуда и нетрпеливост е тоа што позади сцената сме само јас и Сани (Александра), заедно со часовниците и накитот на MY:TIME, од кои црпевме голема инспирација за самата фотосесија. Вистински е прекрасно да се биде во околина на Сани, и на приватно и на професионално ниво, и не е тешко да се почувствува жариштето на позитива и креатива кое е неуспешно сокриено, со други зборови апсолутно присутно. Морам да истакнам и втора причина, со лична позадина, поврзана со идејата позади оваа фотосесија, а тоа се парчињата облека. Иако имам безброј свои парчиња облека, секогаш ми стануваат омилени токму оние кои не се. Секојдневно си го надоградувам гардероберот со работи од гардероберите на сите останати членови во мојата потесна фамилија, а во последно време ми се најактуелни парчињата од гардероберот на баба ми, кои за мене се со посебно сентиментално значење. Па така, во оваа фотосесија има по некое свесно или несвесно поклонето парче облека од страна на мојата фамилија. Парчињата се со најразлично потекло, материјал и година на производство, но, сепак, се претставени преку призмата на мојот стил и објективот на Сани.“

Александра: „Една од омилените работи во мојата професија се довербата и креативната слобода која ја добивам од клиентот, како и креативната поддршка која ми ја дава соработникот. Овој серијал се случи апсолутно спонтано како резултат на долгомесечна креативна блокада и желба за нејзиното размрдување, како и некогаш-спомната-идеја за соработка на три идивидуи. Секоја од 8те сесии е инспирирана паралелно од продуктите на MY:TIME, гардероберот на Борјана и моите заборавени mood-boards, како и желбата за излез од комфор зоната и откривање на сите можности кои ги нудат четирите ѕида во моето студио.“

Борјана: „Ова ни е првата фотосесија од серијалот и носи име “Can’t fake this feeling”. Енергијата, која се надеваме дека ја пренесовме, ја влечеме од диското во 70-80тите.“

Александра: „Првиот серијал е директно инспириран од новата нормала, односно она што најмногу ни недостасува во моментот, а тоа се диско забавите. Фотографиите имаат glowy, misty ефект со цел да се надополни ретро изгледот кој сакавме да го добиеме, додека пак, белата позадина е избрана за да не го одземе вниманието од моделот. Снопот светлина, пак, е нешто што сакав да го искористам одамна и во овој случај се вклопи одлично ставајќи фокус на часовникот и накитот од Fossil.“

Борјана: „На мене може да се види златниот часовник Fossil LANEY, како и сет златен Fossil VINTAGE MOTIFS накит (обеткиалка и огрлица), а исто така носам и свилена кошула од гардероберот на баба ми. Behind the scenes вртеше диско музика со примеси на funk, која ѝ даде облик на целата атмосфера.

Почитувни часовникот и накитот од фотографиите се достапни во продажниот салон на MY:TIME во Skopje City Mall

  •  
  •  
  •  
  •  
  •