Премиум брендот на патики за трчање HOKA ONE ONE® во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

HOKA e основана во 2009 година од двајца долгогодишни тркачи, кои долги години истражуваа за создавање на лесни обувки со екстра обложени подлоги. HOKA патиката настанa со идеата за подобрување на брзината на времето во натпреварувањето во издржливост. Водени од оваа цел, основачите на HOKA брендот настојувале да дизајнираат обувки што ќе овозможат погoлема брзина на трчање и така сосема случајно ќе создадат нови патики за трчање.

Денес HOKA нуди обувки за сите видови тркачки подлоги и спортови – од патеки, асфалт до триатлон. HOKA се обидува на спортистите да им обезбеди патики со кои ќе се чувствуваат како да летаат или лизгаат по земјата.

“Се прашувавме секој ден како е можно да се движиме уште побрзо? Кога на дизајнерите им ја дадовме задачата да дизајнираат патики за трчање, во која формата мора да ја следи функцијата, прашањето беше исто. На него одговоривме со патика, на кои раководителите се смееја, но спортистите и тркачите ја прифатија со возбуда. Тркачите почнаа да победуваат на трките и купувачите на патики за трчање одеднаш почнаа да обрнуваат внимание. Дизајнот не се должам само на трчањето, туку сигурно и на сурфањето, скијањето и велосипедизмот, патентирани елементи кои ги вградивме во оригиналните патики – ” AKA the HOKA difference “ – влијаеше на секоја патика која што ја произведувавме “, велат основачите Hoke Jean-Luc Diard и Nicolas Mermoud.

По што се разликуваат HOKA патиките од други патики за трчање? HOKA е создадена само со еден цел – го олеснува трчањето. Таа се разликува како по изгледот на патиката така и по технологиите. HOKA, исто така, непрекинато бара влошки кои реагираат подобро и траат подолго, ја заштитуваат ногата, а притоа не го нарушуваат успехот на спортистите. Покрај тоа, активниот калап на HOKA патиките ја опфаќа целата површина на стапалото и петата, а не само неговата површина. Тоа значи дека сите HOKA патики ги насочуваат стапалата, а притоа не е потребно поставување на некои други ограничувачки елементи. Активниот калап за стапалото функционира како седиште во тркачки автомобил, така што ги опфаќа и поддржува вашите нозе.

J-Frame ™ технологијата, која се користи кај патиките го поддржува и насочува стапалото, при што не е потребно да се користат тешки, груби и непријатни материјали. HOKA патиката е опремена со PROFLY ™ технологија која претставува влошка со двојна густина и дел за прстите кои реагираат на движењата. Таа овозможува полесно ублажување, а на предниот дел е составена од цврста пена, така што вашиот доскок е удобен, но и релативно брз.Патиките за трчање можете да ги најдете во Sport Vision во Скопје City Mall 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •