JYSK: НОВА NORDIC MOOD КОЛЕКЦИЈА КОЈА НЕ ВРАЌА ВО МИНАТОТО

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Автентичноста, уникатноста, кружните елементи и бакарната боја се појдовна точка за новата NORDIC MOOD колекција.
Со оваа нова колекија сакаме да ги прилагодиме сите едноставно облици и прекрасни бои од минатото, да им пружиме модерен шмек со што ќе се вклопат во сегашниот модерен ентериер.
Да ја земеме за пример вазната SVERRE: облик кој е инспириран од дрвените времиња, рустична површина и елегантна портокалова боја која ќе пружи живост во вашиот ентериер.

KRISTOFFER се вештачки билки од политерски влакна во сива, розова и беж боја.
Многу се лесни, речиси како пердуви. Боите меѓусебно убаво се надополнуваат, со што на вашиот дом ќе му дадат женствен и старомоден изглед. Може да ги ставите во подна вазна користејќи ја нивната целосна должина или да ги свиткате и поставите во помала вазна која ќе ја разубави просторијата.

Погледнете ги едноставните, рачно изработени стаклени шолји ANDERS во прекрасни бои и кажете ни дека не ве потсетуваат на веселите некогашни 60 години. Лесно се вклопуваат и може да се перат во машина за садови – што и нема нешто поедноставно од тоа.

Колекцијата ја надополнуваме и со автентичната и практична ѕидна витрина TREND. Направена од бамбусово дрво во комбинација со медијапан и стаклени полици, баш потсетува на трендовите од минатите години. Во витрината поставете ги ANDERS шолјите или некоја декорација за да го разубавите целосниот изглед.

VALMUE прекривка за софа и ќебе за ладни денови. Со својата прекрасна жолта боја, представува шлаг на тортата во новата NORIDC MOOD колекција.

Артиклите се моментално достапни во салонот на JYSK.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •