Новата Nike Tech Pack колекција пристигна во Nike Shop во Skopje City Mall

 
 
   

Голем број љубители на брендот Nike оваа сезона ќе можат да уживаат во спортската облека од најновата колекција на Tech Pack, која пристигна во Nike shop во Скопје City Mall. Главните карактеристики кои ја прават оваа колекција толку посебна се иновативните и експресивните материјали кои се прилагодуваат на телото и го олеснуваат движењето за време на секојдневните активности.

Иновативните модели на маици и опрема за тренинг со своите карактеристики и уникатни силуети ќе доминираат во спортот, но и на модната сцена. Благодарение на модерната технологија и ткаенината што се користи за создавање на новата колекција, облеката штити од ветер и овозможува кожата да дише.

Новата Nike Tech Pack колекцијата можете да ја најдете во Nike shop во Skopje City Mall.


 
 
   
Translate in English»