„ОБЛИКОТ НА ВОДАТА“, НАЈДОБРИОТ ФИЛМ НА ОВОГОДИНЕШНИТЕ ОСКАРИ ОД ОВОЈ ЧЕТВРТОК НА РЕДОВНИОТ РЕПЕРТОАР

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

„Обликот на водата“ е спиритуална бајка, сместена во Америка, во времето на Студената војна, некаде околу 1962 г. Во тајната владина лабораторија со безбедност од највисок степен каде што работи, осамената Елиса е заробена во живот во изолација. Животот на Елиса засекогаш се менува кога таа и нејзината колешка Зелда ќе откријат таен класифициран експеримент. Филмот е добитник на 4 Оскари во категоријата Најдобар филм/Режија/Оригинална Музика/Дизајн на продуција.

„Викај ме со твоето име“, новиот филм на Лука Гвадањино, претставува сензуална и трансцедентна приказна за прва љубов, базиран на прочуениот роман на Андре Акиман. 17 годишниот Елио (Тимоти Шаламе) го поминува летото доста опуштено со своите родители во едно италијанско село. Возбудата доаѓа во облик на висок, згоден американски помошник на истражувачот Оливер (Арми Хамер) кој доаѓа во земјата да би работел со професорот кој е татко на Елио. Во почетокот, Елио внимателно му посакува добредојде. Иако смислува повеќе причини како би поминувал повеќе време со Оливер, Елио го исмејува како е дете на образовани академици но и за неговиот американски нагласок. Нивните вербални конфликти почнуваат да добиваат еротска нота, за потоа конечно да прераснат во флерт – првиот бакнеж кој е истовремено разигран и секси – и е невозможно да се оделат. Иако крајот на престојот на Оливер во Италија ќе го наруши нивниот однос, ова е за Елио прва љубов и иако нивната афера е многу кратка, она што остана во срцето и мислите на Елио ќе остане таму засекогаш. Филмот е добитник на Оскар во категоријата за најдобро адаптирано сценарио.

 

На кино репертоарот ќе се најде и македонскиот филм „Копање“, на режисерите Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов. Гораст и Ивица се другари од детство кои 16 години не комуницираат. Секој има своја причина зошто не комуницирале толку години но никогаш не ја споделиле меѓу себе. Некаде во селска средина живее Гораст. После години поминати во градот Ивица конечно се враќа кај својот стар другар. Ивица, за секој случај со себе го води младиот Алек. Додека евоцираат спомени од детството Гораст му соопштува на Ивица дека го повикал за да копаат дупка во дворот на куќата. Копајќи се открива причината зошто двајцата биле разделени 16 години и какви последици има нивното некогашно пријателство. Копање е филм за минатото и сегашноста, за пријателството и универзалното правило на едно другарство непробојно за оној кои стои од надвор.

За најхрабрите го резервиравме хоророт „Винчестер“, со Хелен Мирен во насловната улога. Сместена во нејзината калифорниска палата, ексцентричната наследничка на огнено оружје, Сара Винчестер, верува дека таа е прогонувана од душите на луѓето убиени од винчестерската пушка. На изолиран дел од земјиштето 50 милји надвор од Сан Франциско се наоѓа најпрогонуваниот дом во светот. Изградена од Сара Винчестер (наградата за Оскар, Хелен Мирен) наследник на богатството Винчестер, тоа е куќа која нема крај. Градена непрекинато 24 часа дневно, седум дена неделно, неколку децении, има седум високи ката и содржи стотици соби. Налик, изгледа како монструозен споменик на лудилото на една жена. Но, Сара не гради за себе, за нејзината внука (Сара Снук) или за брилијантен доктор Ерик Прајс (Џејсон Кларк), кого таа го повикала во куќата. Таа гради затвор за стотици гневни духови, каде најстрашните од нив сакаат да се одмаздат со Винчестерс. Филмот е инспириран од вистински настани.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •