Општина Карпош во Соработка со Нула Отпад ја постави првата ЕКО ЗОНА во Skopje City Mall !

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

„ДОНЕСИ НЕГАБАРИТЕН СТАР УРЕД ВО SKOPJE CITY MALL ИЛИ ЗА ГАБАРИТЕН ПРИЈАВИ НА ЕКО ЛИНИЈАТА НА НУЛА ОТПАД – 070 236 000“

Општина Карпош во изминатата 2017 година, успешно реализираше акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата на територија на општината. Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфлање на старите, дотраени уреди. Од тука потребата да постојано граѓаните имаат можност да се ослободат од старите уреди кои времето и технологијата направи да имаат краток век на траење, придонесе да се постави првата ЕКО ЗОНА во главниот град и тоа на најпосетената локација во Општина Карпош, Skopje City Mall.

Ова е континуиран проект,  кој се спроведува на територијата на Општина Карпош, во соработка со урбаните заедници и колективниот постапувач Нула Отпад од Скопје. На овој начин, општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија.

Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

За таа цел, Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје организира систем за собирање на отпадот од домовите, преку акција во сите урбани заедници. Граѓаните се пријавуваат кај Координаторите на урбаните заедници, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач, Нула Отпад ДОО Скопје, согласно списоците за евиденција за секоја урбана заедница, организира подигнување на отпадот, директно од домовите на граѓаните. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.

Најчесто, граѓаните пријавуваат: телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство. Кај граѓаните постои голем интерес за ваков тип акции, со кои на лесен и едноставен начин се ослободуваат од големи габаритни неисправни уреди, за кои би требале самите да организираат соодветно депонирање.

Од денес граѓаните на Општина Карпош како и сите граѓани кои го посетуваат најголемиот трговски центар во срцето на Скопје, Skopje City Mall имаат можност правилно да се ослободат од малите неисправни уреди од домот или едноставно да се јават на ЕКО ЛИНИЈАТА, 070 236 000. Имено во овој трговски центар граѓаните одамна имаат можност и своите стари и потрошени батерии да ги остават во садовите кои се наменети за отпадни батерии, а се поставени речиси на секој агол од трговскиот центар кој придонесува за селекција на отпадот, а со тоа се реализира целта, здрава животна средина.

Заради корисноста и големиот интерес на граѓаните, продолжуваме и во текот на 2018 година секој ден да се грижиме за здравјето на граѓаните во Општина Карпош, а во соработка со Skopje City Mall и колективниот постапувач Нула Отпад ДОО Скопје !


  •  
  •  
  •  
  •  
  •