Оваа сабота Jumping Clay работилница во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Пријатели оваа сабота  СВЕТСКИОТ ХИТ Jumping Clay  работилница во Скопје Сити Мол

 Бидете и вие дел од оваа супер 3D КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МОДЕЛИРАЊЕ Повелете 12:30 – 14:30 на втор кат

Jumping Clay е мултинационална едукативна компанија која се специјализира  во едукативни активности преку моделирање на фигури од полимерска глина. Нашата мисија е да креираме најсовршени фигури од глина, преку креативни активности кои што во исто време се едукативни и забавни. Мотото на Џампинг Клеј е “Учиме низ игра”.Главните канцеларии се наоѓаат во Шпанија и Кореа со неколку фабрики, а функционира како глобална мрежа составена од околу 650 франшизи во повеќе 43 држави, со околу 5000 обучени инструктори на повеќе континенти насекаде низ светот како Хрватска, Шпанија, Кореа, САД, Канада , Мексико, Англија, Ирска, Русија, Јапонија, Филипини, Турција, Италија, Германија, Австрија и други. Отварањето на франшизи започнува во 2006 и за релативно краток период се создава целата таа мрежа што само по себе е успех, а една од поентите е во тоа што Jumping Clay идејата за својот бизнис ја заснова на идејата за професионална едукативна филозофија и во тој поглед се со пионерска визија кои други компании можат да се обидуват да ја следат.

За Продуктот

Разбудете ја Вашата фантазија со Џампинг Клеј полимерската глина, која не прави неред и се суши на воздух. Нашата едукативна глина со мирис на јасмин, мека, лесна, комплетно нетоксична има нежна текстура како никоја друга глина. Совршена е за деца, тинејџери и возрасни. Достапна е во 9 основни бои, кои беспрекорно се мешаат помеѓу себе, притоа создавајќи бесконечен спектар на бои и нијанси.

Заборавете на лепаци, силикони и било какви додатоци, затоа што Џампинг Клеј глината се лепи сама. Единствено што треба да направите е да ја оставите на воздух да се исуши и за 24-48 часа ке добиете совршена фигура без пукнатини, израстоци или обледени бои.

Нашата патентирана технологија вклучува само природни состојки, без продукти од животинско потекло,безглутенска, што ја прави безбедна за деца на возраст од 3 години па нагоре. Дерматолошки е тестирана за најосетливите и алергени типови на кожа. Џампинг Клеј ги има поминато сите интернационални тестови за безбедност, како што се Q-mark, SGS, CE, Intertek, U и е изгласана како нај “Еco Friendly” производ во повеќе од 20 земји.

Нашата работилница и продавница започна со работа во Мај 2017 година. Во Џампинг Клеј Скопје можете да најдете широк спектар на производи од глина.

– 9 основни бои

Црвена, зелена, бела, црна, жолта, виолетова, сина, портокалова и кафеава боја во пакувања од 5, 10, 18, 50, 60 и 250 грама. Со мешање на тие бои се добива апсолутно било која посакувана боја и така се креираат фигури во живописни бои.

– “Направи сам” сетови

Овие сетови овозможуваат обликување на фигури на најлесен можен начин. Во секој сет се наоѓа прирачник за обликување, како и алатки и додатни материјали со чија помош ќе ја обликувате својата фигура. Децата ќе стекнат чувство дека постигнале многу, кога од деловите од сетот сами ќе ја направат својата весела фигура.

-Рачни изработки од глина

Играчки, накит, модни додатоци, школски прибор, рамки за слики, фигури за торти и уште безброј готови производи изработени од нашите сертифицирани инструктори.

Работилница

Работилницата е отворена за секој што сака да си ја разбуди фантазијата и да креира производ од глина со помош на инструктор. 3D КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •