Повик за волонтери ( Повикот е затворен )

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Ова е официјален повик за волонтирање на спортскиот кошаркарски спектакл FIBA 3x3 Skopje City Mall 2K18 кој ќе се одржи од 15ти до 17ти јуни во Skopje City Mall.

Ако си вљубеник во кошарката, но исто така имаш желба да им помагаш на луѓето, тогаш ВОЛОНТИРАЈ на кошаркарскиот спектакл “FIBA 3×3 Skopje City Mall 2K18“.

Не е важно кој/а си, што си и каков/ва си, важно е да сакаш да се дружиш, да запознаваш нови луѓе, да сакаш три дена да си поминеш забавно и се разбира да добиеш едно ново и забавно искуство кое, мора да ни веруваш, понатаму далеку ќе те служи!

Ако бидеш волонтер, ќе ни помогнеш да го реализираме спортскиот кошаркарски спектакл кој долго ќе се памети, бидејќи правиме настан на највисоко ниво кој досега не се реализирал на овие простори.

Волонтерите ќе добијат: маичка униформа, кратка обука и прирачник за работа, храна, вода и благодарница за учество во реализацијата на настанот.

Ако си заинтересиран/а за гореспоменатото пријави се со име, презиме, број и возраст на следната е-адреса:

ana.arsovska@3x3macedonia.mk


  •  
  •  
  •  
  •  
  •