Промени во наплата и режим на паркингот во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Почитувани посетители,

Ве известуваме дека СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, воведува нов режим во однос на паркингот. Работното време на паркингот од 08 до 01 часот останува исто, додека транзитниот бесплатен период ќе изнесува 30 минути. 

Првите 4 саати чинат како и до сега 40 денари, а после тие 4 саати, секој саат чини 40 денари. Со тарифата 4 саати за 40 денари, Скопје Сити Мол останува наејвтин паркинг во Македонија.

Паркингот како и до сега е бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот Центар на лицата од обезбедување.

ЦЕНОВНИК
Првите 30 минути се бесплатни
Следните 4 часа паркирање чинат 40 ден.

Со купена карта во Cineplexx добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 3 часа гратис од Cineplexx. Поништување на билетот се врши на касата на Cineplexx.
Со секое перење на Вашиот автомобил во City Wash добивате 1 час гратис од Skopje City Mall и 1 часа гратис од City Wash. Поништување на билетот се врши на касата на City Wash.
Со секоја сметка од Ramstore со вредност над 300 денари се добива 1 час бесплатен паркинг и добивате 1 час гратис од Skopje City Mall
Преноќување на возило чини 1200 ден.
Изгубен паркинг билет чини 500 ден.

ИНСТРУКЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНГ УСЛУГИ

1. Земете го билетот од паркинг машината на влез.

2. Чувајте го и внимавајте да не го оштетите (стуткате, скинете)

3. Доколку престојувате помалку од 30 минути во Skopje City Mall, Вашиот билет не треба да го валидирате на автоматска паркинг машина  – паркомат.

Доколку престојувате повеќе од 30 минути Ве молиме билетот да го платите на еден од паркоматите поставени на секој излез од Skopje City Mall кон паркингот.

На -1 ниво во подземна гаража кај црвениот, синиот и зелениот излез.

На прв кат кај Neptun 

На прв кат ходникот кон катната гаража

На втор кат кај Cineplexx

4. Платениот билет вметнете го во паркинг машината на излез од паркингот.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •