Саем за Безбедност во Скопје Сити Мол “Живеј БЕЗБЕДНО”

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Министерството за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделение за превенција во соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол, во насока на превенција на криминалот и едукација на граѓаните за прв пат организраат  Саем за Безбедност “Живеј БЕЗБЕДНО!” во Скопје Сити Мол.

Настанот ќе биде организиран во периодот од 12-ти до 14-ти Јуни 2019 год, во Скопје Сити Мол, каде граѓаните на едно место ќе имаат можност да се запознаат со услугите кои инстутициите и компаниите ги нудат за помош и самозаштитита.

Официјално отварање ќе биде на 12.06.2019 во 11:00 часот во присуство на министерството на внатрешни работи, градоначалникот на град Скопје и градоначалниците на општините од град Скопје.

Анализата покажува дека голем број од кривичните дела се вршат поради недоволна грижа и внимание како за личната безбедност така и за имот од страна на самите граѓани.

Како причини кои се јавуваат за појавата на овие кривични дела големо влијание  има општествено – економските прилики  и современиот начин на живот.

Последиците кои произлегуваат од извршените кривични дела  се: одземање на вредни предмети (пари, накит, документи).

Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кривичните дела од овој вид  со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет.

КРИМИНАЛОТ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ, но МОЖЕ И ДА СЕ СПРЕЧИ!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •