СЕМЕЈНИ ДЕНОВИ ВО CINEPLEXX

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Заплови во магијата на филмскиот свет и уживај во најактуелните семејни филмови по намалена цена.

Драги дечиња, мајки, таткови, баби, дедовци и сите чувари на детските соништа, ве известуваме дека организиравме одлична дружба во последната недела од зимскиот распуст со најактуелните анимирани и семејни филмови.
Во периодот од 15. јануари до 21. јануари, за време на Cineplexx Семејните денови погледнете ги филмовите* по намалена цена.
Сите постоечки и идни корисници на Семејниот Филмски Клуб ќе имаат прилика да уживаат во разноврсната семејна филмска програма по фантастична цена:

2D филмови 150 ден.
3D филмови 220 ден.

Влезете во потполно новата игра со нови правила, во светот на Џуманџи. Дали сакате да го почувствувате позитивниот дух на Дедо Мраз и неговите помошници и да се обидете да му помогнете во неговите неволји? Не го заборавајте најголемиот и најсладок миленик, Бикот Фердинанд. А, што велите за талентот на Мигел кој сонува да стане извонреден музичар, или за новото продолжение на Мечето Падингтон?

Покрај одличните филмски наслови ти подготвивме забава и други активности: дружба со познатите филмски маскоти, креативни работилници, и други изненадувања. Биди дел од Семејните денови од 15. до 21. јануари.
Картите се во продажба, на благајните на киното.

*Понудата важи за филмовите кои влегуваат во Семејниот Пакет, односно оние кои се категоризирани како детски, анимирани и семејни.
** Акцијата се однесува за купени 3 или 4 билети.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •