Skopje City Mall ги одбра 10те најкреативни фотографии кои учествуваа во играта “Сподели љубов во Skopje City Mall и биди дел од EXIT Лето на љубовта!”

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Skopje City Mall ги одбра 10те најкреативни фотографии кои учествуваа во играта “Сподели љубов во Skopje City Mall и биди дел од EXIT Лето на љубовта!”

Skopje City Mall на најкреативните сопственици на фотографии кои беа постирани на социјалните мрежи Facebook и Instagram со хаштаг #exitmk и #scm4love им додели по 2 билети за најпрестижниот европски Фестивал EXIT Лето на љубовта. За таа цел од 26ти мај до 16тијуни, Skopje City Mall приредува интересна интерактивна игра на своите социјални страни Facebook.com/skopjecitymallи Instagram.com/skopjecitymall преку која фановите ќе имаат можност да освојат бесплатни влезници.


EXIT тимот оваа година ќе го прослават јубилејот 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.
Како единствен современ музички фестивал кој е настанат од борбата за општествена промена и чија мисија е поврзување и регионална соработка, EXIT на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години од минатиот век, како што се Woodstock, Monterey и други, но и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.
Добитници на карти:
1. Саве Исирова
2. Христина Стефановска
3. Бранислав Димитриевиќ
4. Ема Наскова
5. Мартин Толев
6. Ристе Петровски
7. Марина Борисова
8. Стефан Ристовски
9. Олгица Ристевска
10. Мила Томиќ

Skopje City Mall им посакува cool журка и неповторливи моменти за време на најдобриот европски фестивал. И продложете да не следите на социјалните мрежи, летото само што започна …


  •  
  •  
  •  
  •  
  •