Skopje City Mall го одбележувањето на Светскиот ден на артритисот

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

По тој повод, во организација на Македонската Ревматолошка Асоцијација – МААР, а поддржано од фармацевтската компанија Крка, на 10 октомври со почеток од 12.00 часот во просториите на #SkopjeCityMall, МААР ќе организира Ревматолошко советувалиште каде што граѓаните ќе имаат можност да разговараат со лекари – ревматолози и да се информираат за најновите тераписки можности за лекување на артритисот.

МААР ќе ја отпочне кампањата на Европската лига против ревматизмот – ЕУЛАР во Македонија, под мотото НЕ ЧЕКАЈ, ПОВРЗИ СЕ ДЕНЕС!

Оваа кампања има за цел подигање на јавната свест за пандемиските размери на артритисот и поттикнување на граѓаните за рано откривање и поврзување со стручната јавност.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •