Skopje City Mall изложбата на фотографии „СКОКАМЕ ЗАЕДНО“

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Во организација на СКОПСКО ЛЕТО и Здружението за развој на општеството и животната средина „АКТА НОН ВЕРБА“ – Скопје, а во соработка со амбасадорот на Држава Израел за Република Северна Македонија, Н.Е. Дан Орјан, на 25 јули 2019 година, во Skopje City Mall во 16 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „СКОКАМЕ ЗАЕДНО“.

„Скокаме заедно“ е нова изложба на фотографии која раскажува неконвенцијална приказна: дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи одело и вратоврска, ултра-ортодоксен Евреин кој е израелски првак во капуера, група арапски капуератисти од север, ултра-ортодоксна младина од Бнеи Брак, група од хасидски Евреи од Ерусалим и група на млади луѓе со посебни потреби. Сите овие се собираат заедно за сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во Стариот Град на Ерусалим, на различни пејсажни места низ Израел.

Оваа изложба претставува скок против природата, скок до взаемно разбирање, скок до коегзистенција и скок за подобар свет.

Со цел да се постигне взаемно разбирање, да се спречат осудувањата, да се скршат неправедните општествени норми и да се излезе од „безбедната комфорт“ зона, треба да се вложи труд. Или, едноставно треба да се скока.

Оваа изложба произлегува од социјалниот проект за инкорпорирање на младите со попреченост помеѓу амбасадорот на Држава Израел, Дан Орјан и ултраортодоксниот шампион на капуера Мики Хајат, кој работи со младите Хареди и млади луѓе со посебни потреби.

Скоковите се фотографирани од страна на фотографите: Шломи Амсалем, Јордан Полвој, Пломо Гелбер, Амир Ешел, Еран Гил и Јехезакел Еткин.

Учесници во овој проект се:

Еран Арфи, тренер на групата Абада Капуера, најголема и најпрофесионална капуера група во светот, која во Израел е активна веќе 30 години и е иницијатор на групни активности каде заедно учествуваат Евреи и Арапи, со меѓусебно разбирање дека секој може да учествува и да биде прифатен од другите. Покрај тоа, Еран специјализирал во работа со лица со посебни потреби и хендикеп. Тој е советник во групи сочинети од Евреи и Арапи;

„Харедим Ла’Катцев“ (Харедим на ритамот) е непрофитна организација за развој на спортот во ултра-ортодоксниот оддел и рехабилитација на младината со ризик, преку боречки вештини, основана од Мики Хајат, израелски првак и сениорски тренер за капуера, на Абада Капуера групата. Во последните десетина година тој е тренер во ултра-ортодоксниот оддел и одржжува заеднички средби и тренинзи меѓу ортодоксните и секуларните младински групи, средби кои иналу никогаш не би се одржале. Преку овие средби, се поттикнува коегзистенција, разбирање, воочување на разликите и прифаќање едни со други;

Дан Орјан, израелски амбасдор за Република Северна Македонија, директор на одделот за блакански држави во Министерството за надворешни работи, има скокано низ светот со години. Има веќе 52 години, сѐ уште треба да одлучи што сака да стане кога ќе порасне. Исто така, Дан на оваа тема има напишано книга за деца. Оженет е за Шарон и има три деца, но сепак тоа не го спречува да скокне повторно. Орјан, исто така, ѝ помага на организацијата ШЕКЕЛ – која работи на подобрување на животот на лицата со попреченост.

Еден од најзначајните пратнери на овој важен проект е активистот Офра Коен, која е воедно и лидер на организацијата Musik 4u и посветено работи со децата со посебни потреби, како би можеле да бидат вклучени во голем број на оркестри и бендови.  Голем број пати беше учесник на комеморативните настани во  Македонија, Маршот на живите во Битола со децата со посебни потреби од Израел.

Оваа изложба пред два месеци беше за прв пат отворена во Претседателската Градина на претседателот на Државата Израел и доби специјална награда од него за специјален придонес за развој на општеството, а истотака беше претставена и во Виена и Нови Сад, а по претставувањето во Скопје, ќе биде отворена и во Охрид. Оваа изложба е избрана да го претставува Израел преку Министерството за надворешни работи на Државата Израел.

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •