Skopje Unplugged

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Британската сензација The Noisettes, Nokaut Unplugged, Eye Cue (Official), Toni Zen Official и Foolish Green се дел од програмата на првото издание на акустичниот фестивал Skopje Unplugged . Уникатниот акустичен фестивал има за цел да ја збогати културно уметничката програма на градот и да го разбуди духот на сладокусците на убавата музика отсвирена во интимна атмосфера кој ќе се оддржи во петок 17-ти Мај во 17:05 часот во Скопје Сити Мол. Бидејќи не случајно се оддржува во петок со почеток во 17:05 часот, организаторите фестивaлот го најавуваат и како најголемата afterwork sunset rooftop забава.


Лондонскиот бенд The Noisettes за прв пат доаѓаат во Скопје во акустична формација, заедно со публиката да ги испеат нивните мега светски хитови како што се Never Forget You, Don’t upset the rhythm и многу други песни кои им обезбедија врвни места на светските топ листи и настапи на најголемите фестивали како што се Гластонбери и Коачела.
Програмата ја збогатуваат и едни од најактивните и најактуелните македонски изведувачи: Foolish Green и Тони Зен кои пред публиката ќе ги претстават новите албуми и најголемите нивни хитови, Eye Cue – кои по Евровизијата и настапите во странство, по подолго време конечно ќе се претстават пред домашната публика и Нокаут – кои на некој начин се пионери во анплагд настапите низ Македонија. Билетите за ова неповторливо искуство се веќе во продажба со симболична цена од 300 денари а бројот на влезниците е строго ограничен поради интимната природа на настанот. Побрзајте и бидете дел од најголемата afterwork sunset rooftop забава!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •