Соопштение до јавноста за ново работно време

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Почитувани закупци,
Со овој допис Ве известиме дека согласно одлуката на комисијата за заразни болести и Владата на Република Северна Македонија, од утре 10.03.2021 работно време на трговскиот центар ќе биде до 21:00 часот.
Воедно од 12.03.2021, ве известуваме за промена на почеток на работното време, кое ќе започнува од 09:00 часот наутро.
Со овие промени работно време на трговскиот центар ќе биде од 09:00 – 21:00 часот.
Новото работно време ќе биде во примена се до нова одлука на Владата.
Како менаџмент на Скопје Сити Мол Ве потсетуваме дека потребно е секојдневното работење да остане во согласност со мерките за безбедност, кои се препорачни за работа на трговските центри во Република Северна Македонија. Ви препорачуваме и замолуваме да се грижите за вашето здравје како и за здравјето на тие околу вас со препорачаните заштитни мерки.
Со почит


  •  
  •  
  •  
  •  
  •