Соопштение до јавноста за повтoрно отворање на Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Драги пријатели,

Би сакале да ве известиме дека официјално е донесена одлука на 12.05.2020 од владата за отворање на трговските центри. Со цел да го спремаме трговскиот центар со најдобар ред  како и продавниците да бидат спремни за отварање сакаме да ве известиме дека трговскиот центар ќе биде отворен на 15.05.2020 во 10:00 часот. Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите.

Се надеваме и посакуваме брзо да се вратиме на старите добри и успешни патеки заедно со вас.

Како менаџмент на Скопје Сити Мол работевме и сеуште работиме на повторното отворање да биде што посигурно и побезбедно за  на нашите вработени, вработените во продавниците и посетителите на трговскиот центар како и за сите инволвирани страни.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •