Правила на игра “Summer Mall”

Член 1

Организатор на забавната игра со име „Summer Mall“е БАЛФИН МК ДООЕЛ , со седиште на ул. Љубљанска бр.4, Скопје Сити Мол, 2ри кат, Скопје – Карпош.

Член 2

Времетраење на играта: Играта „Summer Mall ” започнува од 8 јуни 2017 година и ќе трае заклучносо18август 2017 година.

Член 3

Место на одржување на играта: Во трговскиот центар Скопје Сити Мол на ул. Љубљанска бр.4

Член 4

Право на учество во играта имаат сите граѓани на Република Македонија со навршени  18 години .

Член 5

Организаторот на играта БАЛФИН МК ДООЕЛ ја приредува играта со цел анимација на посетителите и јавноста.

Член 6

Учество и тек играта:

6.1 Пријавување

Пријавување за учество во играта може да се направи на апликацијата “Summer mall” која е поставена на линкот www.skopjecitymall.mk/summermall или директно со Скопје Сити Мол на дигиталниот уред кој е поставен на приземјето.

6.2.1 Пополнување на апликација

На апликацијата “Summer mall“ треба да ги внесете Вашите податоци (име, презиме, телефон или емаил за контакт како и број на фискална сметка | левиот долен агол на сметката) Фискалната сметка потребно е да ја чувате до крајот на играта.

6.2.2 Прашање

Апликацијата ќе Ви постави прашање, потребно е да го впишете точниот одговор во полето и да притиснете “Притисни за потврда“.

6.4 Натпревар

Сите оние кои одговориле точно на прашањето, ќе добијат инструкции на е-маил или смс за финалната игра. Учесниците ќе се натпреваруваат во Ласер Таг игра каде ќе важат официјалните правила од приредувачот на Ласер Tаг играта игротека Имагинариум во Skopje City Mall.

6.5 Рангирање

Рангирање на учесниците ќе биде по освоените поени во играта Ласер Таг. Подароците се доделуваат по редоследот од точка 6.6

Ранг Назив на подарокот кој го добива учесникот според ранг во играта Неделен фонд
1 Таблет 1
2 Дрон 1
3 Велосипед 1
4 Тротинет 1
5 Месечна карта за базен Полет (Олимписки базен) 1
6-9 2 х неделна карта за базен Полет (Олимписки базен) 4
10-34 Топка за плажа 25
35-59 Душек за вода 25
60-75 2 х кино карта за 2D филм 15
76-90 Боулинг ваучер за 1 игра 15

6.6 Неделен фонд на подароци

 6.5 Дискфалификација на учесник

Учесниците може да бидат исклучени од играта доколку не ги почитуваат правилата на играта Summer Mall или играта Ласер Таг.

Член 7

Периоди на издадени фискални сметки и известивања за игра

Период на фискални сметки кои учествуваат во играта Известување за понатамошен тек на играта
08.07.2017 – 14.07.2017 15.07.2017 во 00:00 часот
15.07.2017 – 21.07.2017 22.07.2017 во 00:00 часот
22.07.2017 – 28.07.2017 29.07.2017 во 00:00 часот
29.07.2017 – 04.08.2017 05.08.2017 во 00:00 часот
05.08.2017 – 11.08.2017 12.08.2017 во 00:00 часот
12.08.2017 – 18.08.2017 19.08.2017 во 00:00 часот

Член 8

Подигнувањето на подароците ќе се одвива на инфопултот, од објавувањето на добитниците во наредните 6 дена .

Член 9

Правилата на играта со цел запознавање на потенцијалните учесници со истата, ќе бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на играта www.skopjecitymall.mk/summermall, изложени на инфопулт-от на Скопје Сити Мол.

Член 10

Организаторот го задржува правото да ја прекне играта од објективни причини.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?