Swarovski

Swarovski

Приказната за брендот Swarovski започнува во 1895 год. и трае до денес, водена од страна на петтата генерација наследници на основачот и изумител на првата машина за брусење кристал, г-динот Даниел Сваровски.

Непотребно е да се каже дека компанијата има таен рецепт за своите светски познати кристали, но она што ги прави толку посебни  не е комбинацијата на состојки, туку чувството и  методот  за сечење и полирање кои тие го користат.

Ниеден друг кристал во светот нема ист сјај, брусење и спектар на бои како кристалот на Swarovski.

Кога луѓето прашуваат што всушност Swarovski  создава, ние велиме дека можеби најдобар одговор е: „Убавина, задоволство и атмосфера“.

Листата на производи кои брендот Swarovski ги создава е мошне импресивна и вклучува скулптури, минијатурни фигури и парчиња за колекционери (може да биде интересно за вас да знаете дека првата направена  фигура е глувчето), лустери, домашен декор, модни додатоци и секако скапоцен и гламурозен накит изработен до совршенство.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?