Текст и караоке рап песна

Текст и караоке рап песна

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Еден од новитетите за оваа година за кампањата Back to School е и натпреварот за најдобро рапување. Скопје Сити Мол подготви рап песна, а секој до вас ќе може да прати видео со своја изведба и да освои награда преку социјалните мрежи користејќи #CityMallB2S

Летото заврши, сега ѕвончето ќе ѕвони,
ќе ги памтиме сите лудувања и љубови нови,
многу е топло, годинава ќе е добро,
одваj чекам да ги видам сите мои другари у холот,
дојде септември, ние сме спремни,
летото одмаравме за сега да сме вредни,
на сликата од лани забораив да се тагнам,
одвај чекам да видам кои професори ќе се паднат,
желбата за учење, малку ми е згасната,
но одма ми се врати кога си ја гушнав класната,
ветив – нема да ја нервирам, ќе се фокусирам,
годинава повеќе ќе се фатам за книга!

Реф:
Back to school!!! Време е за во школо
Back to school!!! Во Skopje Citymall, yo!
Back to school!!! има награди за сите!
само сврти го магичниот спинер!!!

Одам до другиот клас, сунѓерот да го земам,
пуштам поглед лево – десно, ама неа ја нема,
мојата симпатија,беше во Америка на гости
па уште не се вратила,
на голем одмор другарка и ќе ја прашам,
се збунив па и реков „што има за домашна“?
се насмеа и сфати, вика: „Знам дека ти фали,
кликаш лајкови на нејзините коментари,
немој да си тажен, не е крај на светот
иако не сте се виделе цело лето,
ајде во Citymall, таму ќе бидат сите
Cool е да го вртиме магичниот спинер!

Реф:
Back to school!!! Време е за во школо
Back to school!!! Во Skopje Citymall, yo!
Back to school!!! има награди за сите!
само сврти го магичниот спинер!!!

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •