Велигденски свет без граници во Skopje City Mall!

Во пресрет на Велигденските празници, нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall повторно ќе не зближи и ќе не изненади со богата разновидна програма за сите генерации.

Почнувајќи од утре па сѐ до 17ти април, на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставена домашна фарма со вистински животни, на која фармерот Војо ќе ги едуцира и анимира фамилиите со зајци, кокшки, пилиња и желки, а фармата ќе биде отворена секој ден од 10 до 22 часот.

Од Skopje City Mall за прв пат најавуваат и уникатна изложба на велигденски јајца. Ќе бидат презенирани колекционерски јајца, уметнички и рачни изработки од сите 7 држави кои учествуваат во настанот.

Преку работилници за обичаите и техниките на бојадисување јајца и Велигденската трпеза, посетителите ќе се запознаат со културата на овие држави. Со своја работилница први ќе се презентира Русија во сабота од 14 часот, Унгарија од 18 часот и САД во недела од 12 часот. Тие ќе ги презентираат своите велигденски обичаи, и ќе објаснат како го празнуваат овој празник и што е карактеристично за нив.

“Ги бришеме границите и ја доближуваме велигденската традиција на земјите низ светот со цел да се обединиме во навидум различностите во детали односно сличностите во празнување на еден заеднички празник. Тоа ќе го постигнеме преку најразлични активности: изложба на јајца, работилници за обичаите и техниките на бојадисување, карактеристични велигденски трпези и креативни работилници за деца. Покрај уживањето во програмата што ја нудиме, сите посетители ќе можат да ги искористат и велигденските попусти кои ги најавија нашите закупци.” – изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Настанот ќе започне утре а ќе трае до 17ти април, а Амбасадите на Русија, САД, Украина, Унгарија, Шведска и Словенија заедно со нивните здруженија на сонародници и дијаспора потпомогнаа овој настан да биде автентичен и се погрижија презентациите да бидат изворни. Детските креативни работилници ќе се одржуваат за викендите, од 12-14h и од 18-20h.

Каде и да си , за Велигден – во Skopje City Mall да си !

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?