Во Скопје Сити Мол се отвори Љубовна пошта!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Од 08.02 во Скопје Сити мол се отвори Љубовна пошта! 

Доколку сакате на уникатен начин да ја искажете вашата љубов побрзајте во Скопје Сити Мол.

Празникот на љубовта Св. Валентин е на 14ти Февруари и затоа Скопје Сити Мол ви подготви еден прекрасен настан под називот “ИСПРАТИ ЉУБОВ”, како и стилизирана ЉУБОВНА ПОШТА каде  посетителите бесплатно ќе можат да испраќаат љубовни пораки на картички или писма.

Скопје Сити Мол цели кон тоа да ги потсети постарите на една навика од едни не многу далечни времиња – кога љубов се изјавуваше со испраќање на љубовни картички/писма, Да ја промовираме навика-та и да им ја доближиме на помладите генерации и да се изгради култура за традиционално да се практикува оваа навика, Да поддржи активизам со кој се подига романтичниот дух помеѓу младите. Повеќето романтичари  до ден денес изјавуваат дека нема поромантичен начин да се изјави љубов на саканиот од праќање на рачно напишано љубовно писмо или картичка, доставено со поштар на домашана или службена адреса на саканиот.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •