„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ денес во Cineplexx

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

НАЈПОЗНАТАТА САГА НА СВЕТОТ ПРОДОЛЖУВА

Најпознатата сага конечно продолжува! Од 14. декември започнува со прикажување новата епизода на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“. Режисерската палка овој пат ја превзеде Рајан Џонсон, а зад музиката и понатаму се потпишува познатиот Џон Вилијамс. Од актерските имиња повторно ги гледаме Дејзи Ридли во насловната улога, Кери Фишер и Марк Хамил како легендарните брат и сестра, потоа Џон Бојега и Оскар Исак како познатите ликови од претходниот филм „Силата се буди“, и Адам Драјвер како негативец.

Оригинален наслов: Star Wars: The Last Jedi
Почеток на филмот: 14.12.2017
Траење на филмот: 150 Минути
Земја / година: USA/2017
Жанр: Научна фантастика, Авантура
Глумци: Daisy Ridley, John Boyega, Oscar Isaac, Lupita Nyong’o, Adam Driver
Режија: Rian Johnson
Дистрибутер: 2i Film
Возрасна Категорија: (12)

Самата содржина на филмот е строго чувана поради што не е објавено никакво објаснување за насловот на филмот, за кој некои сугерираат дека се говори за еден последен џедај, а други велат дека се работи за повеќе! Она што е интересно е дека интригантната приказна станува уште покомплицирана – по влегувањето во светот на џедаите, на Реј (Дејзи Ридли) и се придружува Лук Скајвокер во откривањето на мистеријата – Силата и тајната на минатото.

TЕМНАТА СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА Секоја добра бајка, па така и оваа, мора да има и темна страна. И овој пат, на темната страна се наоѓа Кајло Рен, кој не шокираше во минатиот филм кога во двобојот го уби својот татко, на повеќето омилениот карактер на Хан Соло. Неговата внатрешна борба помеѓу светлата и темната страна продолжува и во ова продолжение. Ќе дознаеме дали грижата на совест ќе го однесе назад во светлата страна или во потполност ќе се препушти на темната страна на Силата. Актерот Адам Драјвер коментира за својот лик: „Изгледа дека лузната која ја доби во борбата со Реј не е само физичка.“

НОВАЈЛИИТЕ ВО ОВАА ВОНЗЕМЈАНСКА ТРИЛОГИЈА Ниту овој филм не помина без познатите и славни фанови, овој пат дури и кралски! Во гостинската улога на Stormtrooper ќе се најдат принцот Вилијам и принцот Хари, а во силата на Првиот ред се придружува и Том Харди. Новата надеж во трилогијата се и Лупита Нионго, Бенисио дел Торо, Лаура Дерн и Гвендолин Кристи, најпознатата по улогата на Бриен од Тарт во „Игра на тронови“.

Покрај актерско засилување, овој филм доби и уште едно многу слатко засилување! Во Последниот џедај ни се приклучуваат и суштествата наречени Поргови. Слатките вонземјанци уште од трејлерот ги освоија срцата на фановите ширум светот. Не бидете последни во редот за Последниот џедај, се гледаме во Cineplexx на 13.12. на претпремиерата на филмот!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •