Воздушеста и футуристичка – новата Nike Air Max колекција

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Не секој ден имаме пристап да видиме како изгледаат подготовките на брендовите пред лансирање на маркетинг кампањите.

BUZZ Sneaker Station на медиумите им го овозможи токму тоа, ексклузивен backstage пристап за време на фотосесијата за новата Nike Air Max колекција на патики – Throwback Future Pack. Колекцијата е лансирана за одбележување на светскиот Air Max Day, кој од еднодневно обележување, стана едномесечна прослава за една од најпопуларните технологии во светот на патиките. Buzz не носи на една малку поинаква прослава.

Минатиот четврток во уникатниот амбиент на Клуб 1212 не пречека футуристички сет, исполнет со огледала и неонки. Кога пристигнавме сликањето се одвиваше во полн ек. Кога ќе ги погледнете патиките од новата Nike Air Max колекција ќе Ви стане јасно зошто е одбран таков футуристички сет, и зошто како лица на кампањата се одбрани: Антонија Локвенец, Христијан Тасковски – Таско, Марио Јелиќ и Антонио Стојановски. Галактички сирења, коктели во гасовита состојба, овошни перли и кавијар во виолетова и сина боја… Buzz подлабоко не воведе во воздушестиот свет на Nike Air Max и иднината преку молекуларно гастрономски перформанс дизајниран специјално за овој настан.

Nike Throwback Future Pack е составен од 4те највпечатливи Nike Air Max модели: Air Max 95, Air Max 97 LX, Air Max Plus и Air Max 270 – носечката силуета. Сите силуети се внимателно одбрани од богатата историја на Air Max: започнувајќи со безвременските дизајни од 90тите, па се до најскорешните. Највпечатлив дел на оваа колекција (покрај дизајнот на самите патики) е и присутноста на иридесцентни детали, тиркизната и интензивно розевата боја, со кои се нагласуваат технологиите и се балансираат основните бои на моделите (црната и темносивата).

Во текот на оваа недела го очекуваме официјалниот старт на кампањата. Во меѓувреме патиките веќе се достапни во продажба во BUZZ Sneaker Station продавницата во Skopje City Mall.

Фотограф: Иван Наунов

Модели: Антонија Локвенец, Христијан Тасковски – Таско, антонио Стојановски и Марио Јелиќ (2Бона)

Стајлинг: Викторија Бурсак и Никола Каракашов

Шминка: Миа Арабаџиева


  •  
  •  
  •  
  •  
  •