Yves Rocher креира нова линија за Detox на вашата коса

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Истражувачите на Cosmetique  Vegetal Yves Rocher креираа нова линија за Detox на вашата коса.

Ослободена од остатоците кои ја уништуваат, косата моментално ја враќа својата убавина и сјај. Благодарение на оваа револуционерна нега за коса скалпот е ослободен од честичките кои загадуваат и останатите нечистотии од производите за стилизирање на косата. Косата е збогатена со кислород, лесна е и побавно се масти.

Истражувачите на Yves Rocher  одбраа екстракт од  семки од моринга кој традиционално се користи за прочистување на водата. Белковините содржани во семките имат способностда ја прочистуваат водата од нечистотиите.

Detox линијата за нега на косата се состои од 4 производи:

  1. Мицерален шампон
  2. Detox пилинг за скалпот
  3. Detox балзам
  4. Detox оцет за миење

Сите наши производи се создадени од билките. Во ботаничката градина во La Gacilly растат повеќе од 1100 билки, кои постојано се предмет на методи на екстракција во потрага по ефикасни, активни состојки. Секоја година нашите научници произведуваат повеќе од 6000 тестови, за да се лансираат сите новитети и совршени козметички формули. Тие се стремат кон постојано дешифрирање и истражување на билките.

Веќе неколку години, брендот Yves Rocher се грижи и за убавината на жените во Македонија.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •