ЗА КРАЈ НА 2018: GIBONNI ВО СКОПЈЕ КАКО ХЕДЛАЈНЕР НА ALL YOU NEED IS LOVE FESTIVAL!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Во Скопје Сити Мол се одража прескоференција по повод следните големи концерти во Скопје. За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви најавуваме: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!  Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!

За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.

Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.

Имено, кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, ве информираме дека честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари

ФАН ПИТ- 1000 денари

SILVER SEATS- 1000 денари

GOLDEN SEATS- 1200 денари

ВИП- 2000 денари

Се гледаме на голема предновогодишна журка!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •