Настан ,,Заштитата при работа е важна за сите, добра е и за Вас, и за работата, и за вработените”

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, Скопје, како медиумски партнер на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU OSHA) за тековната кампања 2018 – 2019 г., во соработка со City Mall

ВЕ ПОКАНУВА!!!

заедно, сите, достоинствено и масовно да се приклучите и да ја одбележиме Европската недела за безбедност и здравје при работа.

,,Заштитата при работа е важна за сите, добра е и за Вас, и за работата, и за вработените”

Секоја година, 43-тата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје (EU OSHA) е одредена како Европска недела на безбедност и здравје при работа.

Тема на кампањата која ја спроведува EU-OSHA за 2018 – 2019 година е:

Здрави работни места – Управување со опасни материи

Оваа година Европската недела на безбедност и здравје при работа  е во периодот од 22 Октомври до 26 Октомври 2018 година.

За прв пат, како промотор на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) во Р.Македонија, во сите активности, е вклучен главниот амбасадор за кампањите “ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА” на EUOSHA, НАПО.

НАПО е приказ на типичен работник во било која индустрија или сектор.  Често, тој е изложен на заеднички опасности и ризични ситуации на работното место.  Сепак, активно е вклучен во идентификување на ризиците и обезбедување на практични решенија.Заедно со неговите соработници, Напо ѕвезди во серија филмови без јазик, им овозможуваат на луѓето од сите средини, култури и возрасти да се разберат и да се идентификуваат со него.  Филмовите покриваат широк спектар на теми за безбедност и здравје при работа.

На 23.10.2018 г. во City Mall со почеток од 12:00 ч. – 16:00 ч. ќе се одржи настан

НАПО СО ГРАЃАНИТЕ- осознајте го значењето на безбедноста и здравјето при работа.

На настанот ќе имате можност:

-за дружење и фотографирање со главниот амбасадор на EU-OSHA, НАПО

-да учествувате во креативното катче БЗР преку боја

-да ги погледнете филмуваните стории на НАПО

и многу други креативни активности поврзани со областа безбедност и здравје при работа

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •