Заврши хуманитарната акција „12 елки-12 медиумски приказни“

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Новогодишната хумана акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ која започна на 18 декември во Skopje City Mall, вчера беше успешно заокружена. Оваа кампања од хуман карактер беше во организација на Skopje City Mall во соработка со 12 македонски медиуми. Елките беа поставени во хол на II кат од трговскиот центар .

Една елка –  еден медиум – едно семејство. Во кампањата се вклучија медиуми од национални телевизии, преку веб-портали до радиостаници, како телевизиите: „Телма“ и „ТВ 21“, радио „Сити радио“, порталите: „Сакам да кажам“, МКД, „Женски магазин“, „Фактор“, „Риборн“, „Мак мода“, „Оф фнет“, „А1он“, „Е-магазин“ и „Сити радио“. Секој од медиумите одлучи подароците што ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Во акцијата беа донирани од граѓаните повеќе од 330 подароци. Покрај новогодишни подароци беше донирана и неопходна облека, лекови, хранливи продукти за децата, а некои одеа и дотаму што донираа и покуќнина за домовите.

Во акцијата се вклучија и повеќе компании, здруженија и невладини организации, кои излегоа во пресрет.

Изминативе, речиси три недели граѓаните покажаа хуманост на дело и сочувство за вкупно 40 дечиња од 12 семејства со цел да ги развеселат и стоплат нивните срца во овие студени зимски денови и Божиќни празници.

Погледнете ја галерија од настанот.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •