ЖЕНИТЕ ЈА МЕНУВААТ ДЕФИНИЦИЈАТА ЗА ЗБОРОТ „ЖЕНА“ ВО НОВАТА CONVERSE КАМПАЊА

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Новата кампања на CONVERSE се надоврзува на претходната, овој пат славејќи ја жената и промовирајќи ја моќта на љубовта, енергијата, силата, единството и заедницата. Предводници на кампањата се младите жени: Мили Боби Браун, Стефани Курлов, Кин Јункуан, Касиа Гола и Наоми Прејзлер.

Ширум светот, девојките и жените се опишуваат како подредени, некаде и во навредливи дефиниции. Ние сакаме тоа да го промениме. Ние го поддржуваме прогресот. Поради тоа, оваа пролет ја претставуваме новата колекција, симболично наречена „Love The Progress“ , чија цел е да донесе промена.

Инспирирани од тоа, нашите дизајнери креираа колекција патики и гардероба. Патиките имаат посебен дизајн во комбинација со корални бои, графички принтови и кампањски пораки испишани по ѓоновите на патиките. Моделот кој е носител на кампањата е CHUCK 70 , кој е во основа изработен од премиум материјали: кожна надворешност, влошка која го амортиризра притисокот и појачани рабови.

Колекцијата патики доаѓа во две бои: корално црвена и црна, и веќе е достапна во продавницата на Артурс #skopjecitymall .

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •