Женствени вибрации – Bella пролет/лето 2018

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Верни на вкусот на модните зависници, Bella ја најавува новата сезона подинамично од кога било.

 

Инспирирани од пролетта, од убавината на жените, пријателството и посветеноста кон своите дами, Bella креираше колекција со весели и впечатливи бои, минимални детали, модерни дезени и струкирани форми. Новата колекција е посветена на ведрите, храбрите, елегантните, гламурозните дами, кои постојано го негуваат својот стил.

По долги години пријателство, Bella точно знае што е потребно за совршени и удобни пролетни денови. Квалитетните и ексклузивни материјали, скроени со цел да ја истакнат женственоста, овозможуваат чувство на пријатност и слобода. Модерните форми со ретро твист ќе го задоволат вкусот на секоја дама.

Новата колекција е сè што ви е потребно за новата сезона. Уживајте во пријателството со Bella!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •