BE ZOOMED IN NIKE ZOOM 2K

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Без разлика што велат другите, она што никогаш не излегува од мода е да бидеш уникатен… На пример, секогаш брзам да пронајдам фенси патики и не ми е грижа што мисли некој за тоа. Го сакам мојот стил и навистина бев воодушевен кога видов дека се лансираат нови Nike Zoom. Необичен Nike љубител и фан, носталгичен за стилот и модата од ’90-тите и раните 2000-ти, овој нов модел е целосно задоволство!

Во три различни нијанси, Nike не потсети на уникатна ера која се карактеризира со патики со необичен и уникатен изглед.

Комбинацијата од кожа, гума и најлон со ZM сребрено лого на петата и карактеристичното врзување напред им дава на овие патики нов и уникатен изглед. Иако гломазни по форма и големина, сатенските обувки нудат суптилна софистицираност.

Покрај тоа, подебелиот ѓон овозможува исклучителна удобност, што е еден од одлучувачките фактори во мојот избор на обувки.

Nike Zoom 2K – удобно и различно, тие се идеален избор за секоја девојка која ужива во трендовите и модата, диктирана и инспирирана од времето кога се роди урбаниот уличен стил и ги собра симпатиите на сите оние кои модата ја користат да ја изразат нивната креативност.

Биди креативна. Биди брза. Биди ти.

Hana


  •  
  •  
  •  
  •  
  •