Белите чизми се хит за сезоната

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Со доаѓањето на есента не се случува само промена на времето, туку и промена на облеката и чевлите кои ги носиме. Од фустани и сандали многу бргу се префрливме на капути и чизми.

Чизмите се дефинитивно заштитен знак на сезоната есен/зима.

Оваа сезона се носат chunky чизми, во стилот на Bottega Veneta. Единствениот новитет, оваа сезона, кога се чизмите во прашање е бојата бидејќи се носат бели чизми.

Црните чизми се класика која никогаш нема да излезе од мода, а белите чизми се прашање на тренд.

Белите чизми се одличен контраст на мрачните и сиви есенски денови.

Исто како и црните, одлично се вклопуваат со сите бои и одат со сите модни комбинации.

Доколку сакате да бидете во склад со трендовите, тогаш дефинитивно треба да набавите чизми во бела боја и затоа ние во нашата галерија решивме да ви ги прикажеме најубавите бели чизми кои моментално можете да ги купите во продавниците на Skopje City Mall – Mango, Bershka, Stradivarius, Reserved …


  •  
  •  
  •  
  •  
  •