Биди подготвен за безбедно патување во зима

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Ве покануваме за заедничка реализација на активности во рамките на „  Зимска кампања 2021-2022“ со цел подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема и одговорно учество во сообраќајот при зимски услови на патиштата.

На ден  15.11.2021 година (понеделник), пред платото на Скопје Сити Мол со почеток во 12.00 часот СВР Скопје Одделение за превенција  во соработка со РСБСП,Скопје Сити Мол и Мотоцентар компанија за увоз и извоз на пневматици  ,ќе  реализира кампања за задолжително носење на зимска опрема согласно Правилникот за носење опрема во возилата во период од 15 Ноември до 15 Март каде започнува обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Акцијата се состои од два дела и тоа: Едукација на возачите за употребата на зимаска опрема во која спаѓаат ..зимски гуми,и ланци за употеба во екстреми услови и на кој начин зависно од временските услови истата треба да се користи.Вториот дел ќе се состои од   контрола и проверка на возачите дали ја почитуваат мерката со укажување за почитување на правилникот и делење на едукативен материјал. Едукацијата на возачите и правилната употреба на зимка опрема е во соработка со компанијата Мотоцентар ДОО Скопје.

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот во зимскиот период од годината,СВР Скопје и  РСБСП  и оваа година реализира таканаречена „ Зимска кампања“.

При реализацијта на наведените активности посебно ќе се води грижа да се почитуваат сите протоколи за заштита од вирусот „ Ковид 19.“


  •  
  •  
  •  
  •  
  •