Имаме чувство дека брендот Diesel немаше хит модел последниве години.
Но, тоа се смени веќе минатата година, односно во 2022 година, и сето тоа поради една генијална чанта. Оваа чанта на Diesel ги сруши сите рекорди на продажба и веруваме дека ќе биде една од најпопуларните чанти во 2023 година.
Имено, станува збор за чанта која се носи на рамо. Има многу едноставен дизајн, а она што ја прави посебна оваа чанта е големото лого на Diesel кое ја краси.
Оваа убава чанта на Diesel е погодна за дневни и за ноќни варијанти, а можете да ја најдете во различни бои.