Еден од најголемите летни трендови се боите на зајдисонцето или поточно портокаловата

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Портокаловата е идеален избор за ова лето, бидејќи е во совршен контраст со вашата исончана кожа.

Од минатото лето, модните писти се исполнети со смели тонови, кои едвај чекавме да ги вклучиме во нашите дневни стајлинзи. Овие „експлозии“ во бои немаат ограничувања и граници затоа што започнуваат од пастелни и достигнуваат до неонски, а се идеална можност да го подобрите вашето расположение.

Ја видовме во многу колекции на познатите куќи, како што се Versace, MSGM и Brandon Maxwell.

Од друга страна, славните инфлуенсерки често ја избираат за својот изглед, додавајќи интензитет и стил на нивниот стајлинг.

Ако обожувате бои и сакате да ги следите трендовите, откријте ги сите модерни начини да вметнете портокалова боја во вашиот секојдневен изглед.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •