Есенски јакни кои морате да ги имате за сите прилики

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

 Стилот и удобноста одат заедно.

Јакни, палта и капути се важен дел од нашиот изглед, особено во есенските и зимските сезони. Без нив, напуштањето на куќата е незамисливо, па овие парчиња облека „ни помагаат“ да оставиме добар прв впечаток и да кажеме многу за нашиот стил.Трендовите може да се менуваат од сезона во сезона, но вистината е дека постојат некои модели на јакни и капути кои остануваат безвременски и стануваат неизбежна облека за секоја женска гардероба. Откријте ги најосновните парчиња што треба да ги имате во вашиот плакар во нашата галерија и начини како да ги комбинирате со стил!

ТЕКСАС ЈАКНА

Еден од најчестите избори во есен и пролет. Покрај потребната топлина, тексас јакната дава и посебен стил. Нејзиното силно присуство во светот на уличниот стил во последните сезони доведе до фактот дека има безброј модели со различни кроеви, бои и линии. Тексас јакната е најсоодветен избор за вашите утрински или попладневни прошетки. Комбинирајте ја со маичка со дезен и миди здолниште или со фармерки. Што се однесува до чевлите, одлучете се за високи потпетици. Оваа сезона, ви предлагаме да размислите за големи модели на тексас јакни.

БЛАЈЗЕР

Блејзерите се веќе составен дел од женската гардероба во текот на целиот ден. Претпочитајте блејзери кои се сошиени од подебели ткаенини и можат да го заменат капутот во текот на есенските денови. Предлагаме да комбинирате блејзери со лржерни панталони, масивни чизми или мокасини, лесни трикотажа, па дури и со кардиган.

КОШУЛА ЈАКНА

Можеби тоа е нашето омилено парче облека за преодната сезона. Ако сте љубители на уличниот стил и сакате доследно да ги следите неговите правила, треба да го набавите ова парче облека без размислување. Можете да најдете кошули како јакни во XXL димензии, во неутрални и во светли бои. Ги сакаме моделите во светли бои како портокалова, виолетова или сина. Карираните модели се исто така одлична опција за есенските денови.

КАРДИГАН

За „порелаксирани“ денови, кога немате обврски, кардиганот е идеален избор. Обезбедува удобност, практичност, топлина и флексибилност. Може да го добие посакуваниот карактер во зависност од тоа како ќе го комбинирате. За кул стил, комбинирајте го кардигот со маичка, фармерки и патики.

КОЖНА ЈАКНА

Знаевме дека кожниот дизајн ќе биде неопходен за есен и зима, бидејќи модните ревии за оваа сезона ја прикажаа кожата во сите нејзини верзии. Периодот низ кој поминуваме е идеален за кожени јакни. Може да се оддалечите од класичната црна боја и да се префрлите на кафени или бордо опции. За секојдневен изглед, комбинирајте ги со елегантен топ, тексас панталони и патики. Ако сте храбра дама, експериментирајте со комплетна кожна облека.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •