На 25.06 „Skopje Unplugged“ во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, „Skopje Unplugged”, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи во петок (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Скопје Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот. „Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба.

Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди „Ван Гог“. Уште повпечатливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење.

Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари, Игор Џамбазов придружуван од „Гуру Харе Бенд“, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на „Студени Нозе“.

Поради почитување на препорачаните протоколи од надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарата во МКЦ, или електронски, по промотивна цена.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •