Скопје Сити Мол е многу повеќе од обичен мол!

 
 
   

Скопје Сити Мол е начин на урбано живеење, секојдневие со поинаков стил, креатор на трендови; место за среќавање на нови и стари љубови, место за добри вибрации со пријателите, место за квалитетно поминато време со семејството…

Сите овие година зад нас, заедно со акумулираното знаење за вашите барања и очекувања, ни даваат за право да кажеме дека сме горди затоа што работевме напорно и посветено шопингот да го направиме пријатно искуство, забавата да ја направиме – забавна, а настаните да ги направиме – за паметење.

Токму заради ова, Скопје Сити Мол не е само обично обележје на главниот град. Туку вистински дом кога ќе излезете од дома!

Затоа, заеднички со нашите ценети партнери и пријатели, се одлучивме оваа пролет, за сите вас со добар вкус, да ви понудиме поразличен фокус, поинаков пристап во потрагата за сè она што ви треба за вашиот дом.

Пред вас е каталогот каде што на едно место ќе може брзо да ги пребарате и да ги најдете вашите омилени парчиња мебел и додатоци за домот, по прилагодени поволни цени.

А, ние во Скопје Сити Мол можеме да ви ветиме дека и ова заедничко искуство ќе го поткренеме за уште едно скалило погоре.

No automatic alt text available. 

 


 
 
   
Translate in English»