Инспирација: Морнарски стилови кои ќе ве освојат на прв поглед

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Црвено-бело, црно-бело или бело-сино, како што сакаше и Coco Chanel – линиите се едни од безвременските трендови …

Секоја летна сезона, линиите се шик-протагонисти на секоја комбинација, а исто така и оваа сезона, модните писти уште еднаш беа посветени на морнарските џемпери, блузи, кроп маици, здолништа и фустани.

Како да го максимизирате парискиот стил ова лето и да носите линии?

Ние ви предлагаме да се инспирирате од овие 5 комбинации на облека кои ќе ве освојат на прв поглед.

Памучниот фустан во риги одлично одговара со шармантна кожна чанта во крем боја и еспадрили.

Кроп маица, панталони и јакна од тексас. Еве ја совршената комбинација за летните денови (тексас јакна „Бершка“).

Комбинација во стилот на Брижит Бардо, која се состои од комбинезон на Liu-Jo, ролка на Max Mara и француски шмек во форма на црвени балетанки.

Елегантен изглед кој игра со наизменично црно-белата комбинација, а се состои од здолниште со предно копчање, црно-бела блуза во риги и кожни балетанки.

 Маица, бермуди и патики. Идеално за летните денови – маица со предни џебови, шорцеви со вертикални линии и патики Fila.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •