Intimissimi x Џенифер Лопез: Откријте ја есенската колекција во продавниците на Intimissimi

 
 
   

Љубов на прв поглед: Intimissimi x Џенифер Лопез
Откријте ја новата колекција во продавницата на Intimissimi вп Skopje City Mall

Колоритна, сензуална и романтична колекција со ексклузивни нови парчиња во светли сезонски бои или во безвременска црно-бела комбинација.

Широк асортиман на долна облека во комбинација со кимона со различен дизајн. Богатата колекцијата на Intimissimi доаѓа до израз преку корсети, бодија и градници кои се совршени за носење под сакоа за елегантен и софистициран вечерен изглед.

Врската што се провлекува низ целата колекција и брендот е концептот на „Art of Italian Lingerie“, уметноста на создавање нови и удобни трендовски модели кои се женствени и заводливи во исто време: скапоцената тантела, деталите и оригиналните кроеви се резултат на внимателното креирање на облека што ја истакнува секоја колекција на Intimissimi.

Есенската линија ќе се носи, не само како долна облека, туку и со пософистицирани комбинации, разубавувајќи го секој изглед со безвременската привлечност на потписот на Intimissimi.


 
 
   
Translate in English»