ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЕЖБА ЕВАКУАЦИЈА НА SKOPJE CITY MALL ВО СЛУЧАЈ СПРЕЧУВАЊЕ ПОПЛАВА

 
 
   

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е scm.png

 Почитувани,

Би сакале да ве известиме, дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, управувано од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје,на ден 30.11.2022 година (среда) со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е „Евакуација на SKOPJE CITY MALL во спречување на продирање на  атмосферска вода од  ул. Љубљанска во подземна гаража„ и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.     

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и  учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

Со почит,


 
 
   
Translate in English»