Известување за вежба „Евакуација на SKOPJE CITY MALL во случај во случај на пожар во технички коридор“ на 29.05.2023

 
 
   

Би сакале да ве известиме, дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, управувано од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје,на ден 29.05.2023 (понеделник) со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е „Евакуација на SKOPJE CITY MALL во случај на пожар во технички коридор позади одделот за храна и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.     

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и  учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

 Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

Со почит


 
 
   
Translate in English»