Јули е „срце на летото“: 10 стилски изгледи за на одмор но и во вашиот град!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Влеговме во јули со горештини и високи температури …

Јули е „срцето на летото“ и сигурно сите ваши мисли се поврзани со летните одмори или барем, краток одмор.

Доколку ви недостасува инспирација за создавање имагинативни и модерни аутфити, ви подготвивме инспиративни идеи за вашите „ресорт“ стајлинзи, но и парчиња што ќе ви бидат потребни доколку останете во вашиот град, да изгледате стилски во жешкиот летен месец кој штотуку започнa.

Инспирацијата ја најдовме на Инстаграм профилите на најстилизираните девојки кои носат најубави комбинации на облека и внимателно ги следат сите модни трендови. Што е тоа без кое нема да можеме овој месец?

Откријте во галеријата …

Ништо не ја надминува комбинацијата како спојот на лесен фустан и патики. Ова е идеална летна комбинација што ви дава комфор во текот на денот.

Белите фустани изработени од перфорирана тантела добиваат голема вредност со зголемувањето на температурата, а доколку ги комбинирате со сламена торба, ќе покажете дека имате стил.

Кломпите и наланите се здобија со голема популарност оваа година. Комбинирајте ги со сетови и дајте му на вашиот стил vintage нота.

Сандалите со канап се голем тренд за на плажа, но и за градот. Комбинирајте ги со долги бохо фустани.

Совршен изглед за жешките јулски денови во градот ќе имате ако изберете мини драпирано здолниште и проsирна кошула – комбинација што нуди стил и удобност.

Црвената кошула од вашето момче станува совршено парче за на плажа. Може да ја носите преку костим за капење и веруваме дека вашата фотографија ќе добие многу лајкови.

Мини фустан изработен од пријатна ткаенина ќе изгледа совршено во комбинација со рамни сандали за долгите летни прошетки.

Белите шорцеви стануваат парче облека што можете да го носите по цел ден, се додека ги комбинирате со камел топ, давајќи им пософистициран стил.

Светло обоени пижами-комплети инспирирани од седумдесеттите години мора да ги имате за летната сезона. Во јули, носете ги со рамни сандали.

Белиот проsирен фустан со отворен грб е идеален за прошетки на одмор или за излегување во омилениот бар во текот на летото. Рамни сандали и златни обетки се додатоци што ви требаат за правилно да го завршите овој изглед


  •  
  •  
  •  
  •  
  •