JYSK ВИ ПРЕПОРАЧУВА КАКО ДА ГО УКРАСИТЕ ВАШИОТ ДОМ ВО ТРАДИЦИОНАЛНИ БОЖИЌНИ БОИ И СКАНДИНАВСКИ СТИЛ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

JYSK ВИ ПРЕПОРАЧУВА КАКО ДА ГО УКРАСИТЕ ВАШИОТ ДОМ ВО ТРАДИЦИОНАЛНИ БОЖИЌНИ БОИ И СКАНДИНАВСКИ СТИЛ

Со многу светла, носталгичната музика и многуте семејни традиции, Божиќ е едeн од најмагичните периоди во годината. Штом пристигне Декември, Божиќ е насекаде, дома, на улица, на работа и во сите продавници. Ако сте од оние луѓе кои ги сакаат Божиќните празници, веројатно не можете да го дочекате почетокот на Декември за да почнете да го украсувате својот дом.

КЛАСИЧНО ЦРВЕНО – СО ТВИСТ
Во нашата божиќна колекција за 2021 година, нагласивме пријатна и скандинавска атмосфера која е во класичен и модерен стил. Особено сме возбудени за HORNBLENDE чиниите и шолјите со симпатичен Божиќен принт.

Совршени се за оние пријатни моменти со семејството и пријателите каде што се собирате на топло чоколадо или некое прекрасно божиќно печење.

ТРАДИЦИОНАЛНИ БОЖИЌНИ ОРНАМЕНТИ ЗА ПРИЈАТНО ЧУВСТВО
Во JYSK ги сакаме џуџињата и тие совршено се вклопуваат во класичниот, црвен божиќен декор. Џуџињата FORSETE, DVALIN, BOND и FENRIR веднаш ќе се вклопат во божиќната магија во вашиот дом.

Поставете ги џуџињата низ куќата и дадете им имиња заедно со вашите деца, направете си некој вид на семејна работа. Можеби божиќниот дух ќе ги натера да оживеат во текот на ноќта.

Ставете SKINFAXE држач за чајник или HARMOND фенер во кујната, дневната соба или пак на божиќната трпеза за да внесете малку светлина во темните, долги декемвриски ноќи.

НЕМА БОЖИЌ БЕЗ ПОДАРОЦИ
Една од најголемите Божиќни радости е да ги разгалите луѓето што ги сакате со подароци. Големината не е важна, но убаво завитканиот подарок секогаш ќе донесе радост.

Користете хартија за vвиткање на подароци KARDUS и додадете мало гранче од бор или пак мала шишарка. Божиќните подароци се супер декоративни, затоа завиткајте со многу љубов. Алтернативно, можете да ги завиткате кутиите за складирање и да ги поставите низ куќата како дел од декорациите за Божиќните празници.

Ако сакате да ширите радост во текот на декември, тогаш искористете го божиќниот чорап HIMINROD за тие мали подароци .


СОЗДАДЕТЕ МАГИЧЕНА БОЖИЌНА ТРПЕЗА ЗА ВЕЧЕРА
Вкусната храна која доаѓа заедно со празниците често е клучната работа за собирање на многу семејства. Без разлика дали организирате семејна божиќна вечера или организирате забава за пријателите, добро украсената трпеза може да ви помогне да создадете добро расположение во текот на целата вечер.

Направете декорации за масата со црвена боја и елементите на природата. Многу е лесно да се направи и да изгледа неверојатно и магично. Користете чаршав GULDSTEN и најдете борови, стари украсни гранчиња и користете ги како главен елемент од декорацијата за трпеза. Додадете HORNBLENDE чинии, чинивчиња, шолји и свеќници како што се SKINFAXE, HARMOND или гламурозниот свеќниќ ERVIN.
Надополнете ја Божиќната трпеза со украсени салфетки. Земете свежо гранче од бор и стапче цимет и додајте го во салфетката – звучи едноставно, но ефектот е загарантирано одличен.


Погледнете повеќе за нашата Божиќна колекција на https://jysk.mk/public/ck/gc/667efe78-0192-11eb-8635-02004c4f4f50


  •  
  •  
  •  
  •  
  •