Како се носат карго панталони оваа сезона?

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Трендот на работни униформи и карго панталони со гломазни џебови оваа сезона се рефлектира не само во вообичаените воени и сафари стилови, туку се трансформира во задолжително парче во sekoja женска гардероба.

Вообичаените памучни модели сега коегзистираат со опции од лен и свила, а sвездите на уличниот стил нудат сè повеќе нови верзии на авторски интерпретации на  овој тренд.

Понекогаш и обична маица е доволна за модерен изглед. Во случајот со карго панталоните, ова е идеален избор.

Храбрите инфлуенсерки успеаја да ги прилагодат овие пантолони, стилизирајќи ги со машки кошули и неонски нијанси на чевли сандали со остар врв. Таквата ефектна комбинација ќе помогне да се создаде релаксиран и елегантен изглед во исто време.

Двобојните пантолони, исто така, ќе ви помогнат да ја освежите сезонската гардероба – најдобро е да ги комбинирате со обични маици и чевли, а соодветните додатоци само ќе го подобрат ефектот.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •