Капути кои ќе внесат боја во секој ваш ден

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Сигурни сме дека нема да знаете кој да го одберете …Температурата постепено почна да опаѓа, а времето стана студено и дождливо. Ова значи дека сите ние почнавме да ги носиме нашите омилени капути, кои, покрај стилот, ни ја даваат и потребната топлина. Капутите се парчиња облека кои оставаат прв впечаток и потребна е посебна грижа при изборот на соодветен модел. Се разбира, класичните дизајни, како што се мантилите и беж капути, секогаш ќе бидат во мода, но не можеме да ги игнорираме трендовите кои даваат дополнителни стилски поени на нашиот изглед.Оваа сезона, светлите бои ги засенија речиси сите други трендови. Не можеме да им одолееме и сакаме да ги носиме постојано. Покрај оптимизмот, тие зрачат со динамика и „сведочат“ дека жените кои ќе изберат да ги носат се самоуверени и многу добро знаат што сакаат! Погледнете ги нашите омилени модели во галеријата …


  •  
  •  
  •  
  •  
  •