KIKO MILANO ТЕ ЧЕКА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

 
 
   

Време беше за ново поглавје во кое едвај чекаме да продолжиме заедно да ја раскажуваме приказната за вашите омилени производи.

Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот центар Сити Мол каде ве очекуваат неодоливи промоции.

По повод отворањето, со секоја сметка над 990 денари, добивате подарок несесер, совршен за организација на сите супер производи што ќе ги одберете.

Сосема подготвени за летото, во новата продавница на брендот ќе ги најдете сите висококвалитетни производи соодветни за сечиј тип на кожа, со кои ќе блеснете на секој повод овие топли денови.

Не двоумете се и одберете производи од новата колекција на Kiko Milano едноставно наречена „Festival Glow“, полна уникатни и светкави парчиња совршени за сите забави ова лето.

Во новата продавница на брендот ве очекуваат и сите класици со потпис на истиот, како долготрајните кармини во неодоливи бои, руменилата во нијансите на летото, лаковите што секогаш ги обожаваме, но и сите култни производи за нега на кожата како најзначаен сегмент.

Токму во време на исклучително високи температури, бидете сосема слободни кога е вашата кожа во прашање и одберете ја најдобрата козметика која знаете дека секогаш ја заслужувате.

Дозволете си вистинско разгалување со производите на Kiko Milano, отсега, уште поблиску до вас, за целосно уживање во она што секогаш го заслужувате – посебна грижа за сопственото тело. 

Спакувани во неодоливи изданија, направени според клинички тестирани формули, толку елегантни и секогаш во исклучителни бои, производите на Kiko Milano ве очекуваат во новата продавница на брендот на приземје во Скопје Сити Мол.

29.07.2022.


 
 
   
Translate in English»