Костими за капење New Yorker – колекција лето 2022 година

 
 
   

Костимите за капење на New Yorker изобилуваат со бои како и креативни и интересни модели. При изборот на костим за капење, New Yorker нуди можност за комбинирање на различни долни и горни делови за да може лесно да се прилагоди на обликот на телото по желба.

Костимите за капење New Yorker вклучуваат различни модели од дводелни до едноделни кои можат да се приспособат за различни прилики и различни начини за поминување преку ден на плажа.

Интересни и весели дезени како и експресивни бои се само дел од карактеристиките на костимите за капење New Yorker, за оваа сезона. Триаголници, корпи или едноставен горен дел, дводелните костими за капење ќе ги задоволат различните идеи за тоа како треба да изгледа вашиот костим за капење оваа сезона. Од друга страна, тука се едноделните костими за капење кои исто така варираат од неутрална бела или црна боја, до силни и впечатливи бои, како и интересни дезени.

Доминираат силни бои како розова, сина, но и неутрална како маслинесто зелена, се до дезени со цветни, животински и тропски дезени. На костимите за капење може да се видат палми, цвеќиња, бои на морето, се што вообичаено се поврзува со оваа сезона.


 
 
   
Translate in English»